-->
-->
Вернер: Ги игнорирав критиките, ако постојано размислувам за нив, нема да можам да играм
-->
Напаѓачот на Челзи, Тимо Вернер зборуваше за неговиот однос кон критиките.
Фудбалерот пред три дена постигна два гола за Германија во триумфот над македонската репрезентација со 4:0.
– Морав да ги игнорирам критиките. Ако постојано размислувам за тоа, тогаш нема да можам да играм. Во одреден момент, сфатив дека головите ќе дојдат. Знам за што сум способен. Ако тренерот ви верува, тоа е добро. Особено ми е потребна доверба однадвор, се надевам дека можам да се оддолжам за ова, изјави Вердер за британски „Сан“.
Во тековната сезона, Вернер настапи на осум натпревари за Челзи, постигнувајќи два гола и една асистенција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце