-->
-->
Верба во Бога и голема љубов: Ова се најголемите желби и пораки од Тоше Проески
-->
Никогаш нема да го преболиме! И осум години по огромната трагедија сите тагуваме по нашиот Тоше.
Ја нема помеѓу нас најголемата македонска гордост, но останаа неговите песни, неговите искрени пораки и силни желби.
Ова се најемотивните изјави на Тоше, неговите желби и пораки до фановите:
-Секоја жена на овој свет заслужува, барем во очите на еден маж во еден момент, во една секунда, макар тоа било и само еднаш во животот, да се почувствува најпосакуваната жена на светот и ако цел живот ми помине во тоа, ќе знам дека не сум го протрошил залудно.
-Човекот треба да биде инспириран и го молам Бога да не ми ја зема инспирацијата за музиката и инспирацијата во животот.
-Да имам огромна моќ, макар и накратко, би направил да исчезне омразата и злото и луѓето меѓусебно да делат љубов.
-Цел свет е убав кога си насмеан. Кога си нерасположен, те нервира и сончев ден.
-Суштината на животот е да се сака, да имаш некој што те сака, да си сигурен дека те сака и дека е само со тебе.
-Човекот мора да остане човек, без оглед на тоа со што се занимава и каков успех постигнал.
-Љубовта не е нешто со кое треба да тргуваш. Испрати ја и не очекувај кусур. Не биди себичен.
-Сакајте се! Правата љубов е онаа љубов која ја дариш, а не очекуваш да биде возвратена. Кога се чувствува чувството на љубов, доволно е едносмерно. За врска треба да биде двосмерно, а за љубов е доволно само едносмерно.
-Не сакам да ми симнувате капа. Само сакам да се гордеете со мене.
-Никогаш не би се откажал од пријателите. Секогаш би бил со нив. Во добро и во зло. Во добро да се радувам, во зло да помогнам.
-За мене е незамисливо некој кој може да пружи нешто на оние кои имаат малку или воопшто, затвора очи и не пружа ништо.
-Не сакам кога целта ги оправдува средствата, не сакам нечесни игри и не верувам дека во љубовта е сè дозволено - исто како во војната.
-Сите ние луѓе, сме поврзани со некоја посебна сребрена жичка во својата душа.
-Децата се дар од Бога и не можам да не им се радувам. Кога и да се до мене знам дека ме чуваат.
-За љубов би се борел до крај. За љубовта на личност што ми е драга, било да се работи за член на семејството, девојка или пријател. За љубов сум спремен на сè!
-Кога ќе ви одземат сè, ќе ви останат двете раце, составете ги една до друга за молитва... Tогаш ќе бидете НАЈСИЛНИ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Претседателски избори 2024: Утре први гласаат членовите на ИО кои ќе ги спроведат изборите во дијаспората
-
Нови 46 случаи на голема кашлица од 12 до 18 април, хоспитализирани девет лица
-
ЕУ повикува сите актери на Блискиот Исток да работат на деескалација на тензиите
-
Во високообразовните установи работат 4 656 наставници и соработници
-
Светски ден на црниот дроб: Чувајте го, неговата улога е витална
-
Кривична пријава против двајца скопјани за кражба на сеф од маркет
-
Флекс Кредит доби награда за најдобрa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’
-
Флекс Кредит доби награда за најдобарa ,,Employer branding – кампања за 2023 година’’.