-->
-->
Вентура: Преку Скопје до првото место во групата
-->
Италијанската фудбалска репрезентација предводена од селекторот Џампјеро Вентура и живата легенда на светскиот фудбал Џиџи Буфон пристигна во Скопје, каде в недела против Македонија ќе го одигра натпреварот од третото квалификациско коло, во Г групата.
Италијанските фудбалери од скопскиот аеродорм пристигнаа на арената „Филип Втори“, околу 15-тина минути се запознаа со теренот, а потоа Бонучи, Имобиле, Барзаљи, Пароло, Кандрева, Верати и останатите заминаа на терените на Фудбалската федерација на Македонија каде одржаа затворен тренинг.
На стадионот остнаа само селекторот Вентура и капитенот Буфон кои одржаа 30-минутна прес конференција.
Пресот мина во знакот на италијанските колеги, а впечатокот е дека нив премногу и не ги интересира дуелот со Македонија, односно речиси две третини од прес конференцијата Вентура и Буфон одговараа на прашањата поврзани со нивната лоша игра на саботниот меч со Шпанија.
Она што ги интересираше е дали со Македонија ќе му даде шанса од почетокот на Марко Верати.
„Верати е добар играч добро делува кога игра заедно со Де Роси во средниот ред. Тие двајца добро се надополнуваат“, рече Вентура.
Инаку Вентура се согласи дека неговиот тим не играл добро против Шпанија, нагласи дека во групата има незгодни гостувања за неговиот тим, дека едно од нив е и престојното во Скопје, но дека очекува Италија да се бори за првото место во групата.
Џиџи Буфон имаше коментар на прашањето дали знае дека Горан Пандев веќе осум години за Македонија нема постигнато гол во квалификациски натпревар.
„Се надевам дека и утре нема да погоди“, рече Буфон и продолжи: „Знам дека Македонија доживува смена на генерациите, и знам дека Македонија не заслужи да загуби на дуелите со Албанија и Израел“.
Во пресрет на неделниот дуел (20:45 часот), Италија има четири бода, а Македонија е без бодови.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски: Не знам дали е можен исчекор во евроинтеграциите до крајот на годината, но ќе сториме се да најдеме решение
-
Повеќе договорени, а помалку извршени градежни работи во странство
-
Претседателката Сиљановска Давкова формираше Совет за млади
-
Две нови инвестиции до крајот на месецот и 500 нови работни места, најави Мицкоски
-
На италијанскиот бизнисмен Бечети исплатени 110 милиони евра, најголема отштета што Албанија платила досега
-
Полицијата расчисти два напада со нож во Скопје во кои беа повредени двајца малолетници
-
Намален откупот и продажбата на земјоделски производи
-
Нови израелски напади врз упоришта на Хезболах во предградија на Бејрут