Венецуела почнува со вакцинација против коронавирус на деца над две години
Владата на Венецуела денеска ќе почне со вакцинирање на деца на возраст над две години против коронавирус. Вкупно 70 отсто од граѓаните на земјата се веќе вакцинирани, соопшти претседателот Николас Мадуро.
– Вкупно 70 проценти од населението на Венецуела е вакцинирано. Морам да ве информирам дека вакцинирањето на децата постари од две години ќе започне во Венецуела од понеделник, 8 ноември, изјави шефот на државата на телевизискиот канал Венезолана де Телевизион (Venezolana de Televisión).
Тој истакна дека до 30 ноември се очекува да се вакцинираат 80 отсто од населението, а до 31 декември 90 отсто.
Според венецуелското Министерство за здравство, повеќе од 412.000 луѓе се заразени со коронавирус од почетокот на пандемијата, а 4955 починале како резултат на инфекцијата. Владата користи вакцини од Русија, Кина и Куба.
Ново на Сител
-
Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Васко Нумовски, поранешен амбасадор
-
Во Охрид доделено признанието „Инженерски прстен 2025“
-
Ќе има ли собраниски надзор во АНБ?
-
Партиски реакции за скандалот
-
Сиљановска: По многу бели линии, апсурдно е сега да зборуваме за црвени
-
Судење за Штекли
-
„Вардариште“ под лупа на обвинителството, кривични пријави за 3 лица