„Велт“: ЕУ ќе го стави на дневен ред прашањето за времено прекинување на преговорите со Турција
Европската унија планира времено да ги прекине преговорите за приклучување на Турција по референдимот за уставни измени во земјата, пишува денеска германскиот весник „Велт“, повикувајќи се на дипломатски извори.
- Таа тема ќе биде на дневен ред на состанокот на министрите за надворешни работи кон крајот на следната недела на Малта (28 и 29 април). Министрите за надворешни работи ќе ја повикаа Европската комисија да оцени дали Анкара ги нарушила основните насоки на преговорите за членство и согласно оценката дали е потребно преговорите времено да бидат прекинати, нагласи весникот.
Според информациите на „Велт“ Европската комисија наскоро ќе препорача преговорите со Анкара да бидат прекинати на неопределено време „поради сериозното и континуирано нарушување на слободата, демократијата и човековите права“ во Турција.
На 16 април 51,3 отсто од Турците гласа за уставните измени, меѓу кои и воведување претседателски систем на управување, наместо парламентарен, со што се концетрира поголема моќ во рацете на претседателот Реџеп Таип Ердоган.
Во меѓувреме германскиот министер за надворешни работи Зигмар Габриел изјави дека е против преземање „предвремени решенија“ и прекин на преговорите за членство со Турција.
- По тоа историско гласање во Турција ни се наметнува повторно трпеливо да ги собереме нишките на дијалогот во едно, изјави Габриел во интервјуто објавено денеска за весникот „Рајнише пост“.
Тој посочи дека има серија теми, кои треба да се разгледаат со Турција, од апсењата на новинарот на „Велт“ Дениз Јуџел до операциите во Сирија.
- Во краен случај сепак Турција сама треба да реши дали сака да се оддалечи уште повеќе од ЕУ, додаде тој.
Ново на Сител
-
Тема на денот со поранешните конгресмени Дејвид Хагс и Бил Флорес
-
Тошковски: 15 службеници издавале дозволи за оружје незаконито, опозицијата го обвинува дека отпушта професионалци
-
Кумашини на Ѓорчевски први ги поврзале исчезнувањата на Вања и Панче
-
Директорот на Детска обвини поединци со лажни ФБ профили за хајка против него и клиниката
-
Втор ден комисиска расправа за буџетот - За власта развоен, за опозицијата погубен
-
Заврши рокот за докомплетирање на документации: Локална самоуправа ќе открие која Општина за што добила пари
-
Претходното раководство на Пошта од централниот објект сакало да направи кабаре
-
Протести во Ореовец