Македонија
11. August 2016 - 14:08

Вељаноски закажа посебна собраниска седница посветена на состојбата во поплавените подрачја

Претседателот на Собранието на Република Македонија, Трајко Вељаноски во договор со координаторите на пратеничките групи, одлучи да закаже посебна седница на Собранието на Република Македонија посветена на состојбата во поплавените подрачја, за 14 август 2016 година.

До тогаш, се очекува Владата на Република Македонија да изготви информација со која ќе го извести Собранието за состојбата и за превземените мерки во насока на санирање на последиците.