Велика Британија: Вонредни закони поради Ковид-19
Британската Влада ќе воведе вонредни закони следната недела со кои ќе се забрани масовно собирање луѓе со цел да се ограничи ширењето на новиот коронавирус,јавија британски медиуми повикувајќи се на извор во Владата.
Досега премиерот Борис Џонсон се спротивставуваше на притисокот да се наметнат некои строги мерки како во некои европски земји за спречување на епидемијата.
Сепак, вчера, англиската Премиерлига ги прекина сите натпревари и други настани до 4 април, а одложен е и лондонскиот маратон.
Шкотската регионална влада во четвртокот повика на откажување на сите јавни настани со повеќе од 500 лица.
Подготвивме законодавство за вонредни состојби за да може владата да ги има потребните овластувања за справување со коронавирусот, вклучително и правото за запирање на масовните собири, рече неименуван извор.Според него, тие законски мерки ќе бидат објавени следната недела.
Британските медиуми пишуваат дека забраната за масовни настани ќе стапи на сила следниот викенд и со нив ќе се откаже музичкиот фестивал во Гластонбери, тенискиот турнир на Вимблдон и „Гранд национал“ трките со коњи.
Според податоците од вчера во Велика Британија има 798 регистрирани носители на вирусот, и 11 починати од таа зараза.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари