-->
-->
Велика Британија веќе не е меѓу петте најголеми трговски партнери на Германија
-->
– Увозот на британски стоки во Германија минатата година е намален за 8,5 отсто, што е нов доказ за штетата предизвикана од Брегзит што ја трпи Лондон, пишува „Гардијан“.
Велика Британија веќе не се наоѓа на листата на петте најголеми трговски партнери на Германија, најголемата европска економија.
Германската статистика покажува дека увозот од Британија е намален на 32 милијарди евра во 2021 година, додека се зголемуваат набавките на стоки од други трговски партнери.
Вкупниот увоз на стоки во Германија е зголемен за 17,1 отсто на 1,2 илјади милијарди евра. Увозот од другите земји на ЕУ е зголемен за 16,8 отсто, а од Кина за 20,8 отсто.
Намалена е и вредноста на германскиот извоз кон Британија – за 2,6 отсто на 65,4 милијарди долари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од моден дизајнер до државен првак во бодибилдинг | Катерина Попева | Sitel Podcast 083
-
Зеленски до Трамп: Само сакам да знам што ќе биде со Украина
-
Kривична против десет припадници на затворска полиција во затвор „Скопје“
-
Јаневска: Јавната расправа за концепцијата за гимназиско образование ќе трае цела година, системот од 1995 година не дава плод
-
Мицкоски: Македонија ќе биде земја со најголем број странски инвестиции по глава на жител во регионот
-
Поради појава на магла намалена видливост до 70 метри на Стража и во Крушево
-
Рубио: САД нема да дозволат Русија да стане „помлад партнер“ на Кина
-
Маж уценувал и барал пари од вработен во адвокатска канцеларија