Свет
30. јуни 2022 - 12:56

Велика Британија и испраќа на Украина уште милијарда фунти воена помош

 

Велика Британија ќе испрати поддршка за Украина во вредност од упте милијарда фунти (1,1 милијарди евра), со што нејзината вкупна воена и економска поддршка ќе достигне 3,8 милијарди фунти од почетокот на војната (четири милијарди евра ), соопшти денеска владата.

Парите се наменети за опрема, вклучувајќи системи за противвоздушна одбрана, беспилотни летала и опрема за електронско војување.

Премиерот Борис Џонсон ги повика сојузниците на самитот на НАТО во Мадрид силно да се посветат на поддршката на Украина.

Велика Британија е вториот најголем снабдувач на воена поддршка за Украина, веднаш по САД.