Велигденски концерт во Центарот за култура во Куманово
Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово вечерва ќе се одржи Велигденски концерт.
Директорот на Центарот за култура Сашо Костовски денеска изјави дека почетокот на концертот е во 20 часот и оти влезот е слободен.
- Оваа година идејата ни беше да ги почестиме нашите сограѓани, публика која не следи во сите програмски активности и заедно со нашите медиумски партнери, телевизиите „К3“ и „Плус“ и радио „Бум“ организираме велигденски концерт за кој се надеваме дека ќе стане традиционален, изјави Костовски.
На концертот публиката ќе има можност да ужива во различен вид музика наменета за сите генерации, а ќе настапат пејачи и групи од Куманово, како и танцови клубови и матични форми кои функционираат во рамки на Центарот за култура.
- Се надеваме дека интересот ќе биде голем, бидејќи не е многу често да се видат кумановските пејачи и групи собрани на едно место, рече Костовски.
На концертот ќе настапат Мартинијан Кириловски, Ивона Јовановиќ, Милена Митковска, Маргица Антеска ,Александар Богдановски, Боби Серафимовски, Мартија Станојковиќ и Боби Амадеус придружувани од групата „Милениум“, „Мак денс“, „Ултра“ „Динамик“ и културно уметничко друштво „Срма“ и „Нема љутиш“.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Кртови кои ги издаваат полициските акции ќе има уште кратко и сите ќе одговараат
-
Мицкоски очекува Ахмети да биде повикан на распит за да каже каде е Груби
-
Реновиран дел од Клиниката за психијатрија
-
Земјоделците ја поздравија исплатата на заостанатите субвенции
-
Преглед на вестите од светот
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија