Велешкиот театар со „Вдовицата се мажи“ на фестивал во Русија
Театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од Велес со комедијата „Вдовицата се мажи“ од 25 до 31 мај ќе настапи на Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ во Москва.
Претставата е во режија на Младен Крстевски, а е адаптација на едночинката „Мечка“ од Антон Павлович Чехов, која ја следи приказната за вдовицата Попова. Таа седум месеци е во траура по смртта на сопругот и одбива да излезе од имотот и да прима посети. Комуницира само со нејзиниот лакеј Лука и вработените на имотот. Кај неа ненадејно доаѓа Смирноф, артилериски поручник во оставка и кредитор кој си ги бара назад парите кои му ги должи покојниот сопруг на Попова.
Сценографијата за претставата е на Филип Коруновски, костимите се на Катерина Чукниева, а изборот на музиката на Снежана Митова. Во претставата настапуваат актерите Марина Поп-Панкова, Васил Зафирчев и Младен Крстевски
Ново на Сител
-
Мерц: Трамп ја прифати поканата да ја посети Германија
-
Се распаѓа сојузот Маск–Трамп: меѓусебни обвинувања и пад на акциите на Тесла
-
ЈСП - Скопје: За продолжениот викенд неделен возен ред
-
ЈПДП: Нема отстапки од планираниот период за пуштање на дел од автопатот Кичево-Охрид
-
Верниците од исламска вероисповед го слават Курбан Бајрам
-
Лекари без граници: Лекари од Газа даруваат сопствена крв на пациенти откако десетици луѓе беа застрелани и бараа помош
-
Сончево и многу топло, попладне дожд и грмежи
-
Со „Сино знаме“ наградени 64 плажи и две марини во Република Кипар