Велешки деца на климатска рехабилитација
Друштвото на родители за грижа за здраво поколение од Велес организира климатска рехабилитација на планината Кожуф во детското одмаралиште „Михајлово“.
Како што информира Иванка Андова претседател на здружението децата се веќе сместени и добро се чувствуаат.
–За време на седумдневниот престој, триесетината деца-учесниците на рехабилитацијата, покрај секојдневните прошетки во природа, ќе имаат можност да се дружат и запознаат меѓусебно и да научат нови животни вештини, преку организирани едукативно-интерактивни работилници на неформален начин. Престојот на планина, како воздушна бања е од исклучително значење за превенција од респираторни заболувања и позитивно влијае на општото здравје кај децата, потенцираше Андова.
Општина Велес финансиски ја поддржа климатаската рехабилитација и оваа година, со што континуирано придонесува за развој и грижа за здравјето на најмладите сограѓани.
Климатската рехабилитација на велешките деца првично се организираше во Детското одмаралиште на Палистер, а тогаш имаше финансиска подршка и од Општината и од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Во меѓувреме се затвори ова детско одмаралиште, а и МЖСПП го укина финансирањето за рехабилитација на велешките деца, па сега наместо 300 и наместо на Пелистер во одмаралиштето на Кожуф ова лето на воздушна бања ќе се рехабилитираат на чист воздух само 30-тина велешки деца.
Ново на Сител
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
-
Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа