Велешанец се обидел со два ножа да ја убие сопругата, синот го спречил
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лице од Велес на возраст од 73 години за кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик, соопштија од ОЈО Велес.
– На 13.11.2021 година околу 19.45 часот, осомничениот при вршење семејно насилство, се обидел да ја лиши од живот сопругата која е на возраст од 58 години. Тој започнал вербална расправија со оштетената, бидејќи таа била на вториот кат од нивната семејна куќа каде живее нивниот син со семејството, за да помогне околу болно внуче. Осомничениот од под перницата од креветот каде што спие, извадил два големи ножа со сечива од 17 см и 19 см. Држејќи ги ножевите во двете раце, тој замавнал кон оштетената во пределот на главата, заканувајќи и се дека ќе ја заколе. Оштетената почнала да го повикува синот, по што тој дошол, го удрил осомничениот и успеал да му ги одземе ножевите, информираат од МВР.
Бидејќи постојат опасности дека доколку биде на слобода осомничениот може да се даде во бегство и да го доврши кривичното дело, јавниот обвинител од велешкото обвинителство до судијата на претходна постапка при Основен суд Велес достави предлог за притвор за осомниченото лице. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
ЦУ: Спречени обиди за криумчарење кокаин, цигари, облека и нелегален изнес на девизи
-
Приведени крадци од Боговиње
-
Изгаснат пожарот во Бутел 1, опожарен и дел од кровната конструкција на соседната барака
-
Автоматски пушки и муниција пронајдени во селото Грешница, поведена истрага
-
Суд во САД: Свршеничкиот прстен му припаѓа на давателот по раскин на веридбата, без оглед чија е вината
-
Виртуелен приказ на базиликата „Свети Петар“ во Ватикан
-
„Битлс“ и „Ролинг стоунс“ се „Греми“ соперници и во 2025 година
-
Дуелот Бешикташ – Макаби преместен во Унгарија