Вегефест во МКЦ
Петти Вегефест, фестивал против експлоатација и дискриминација на животните со кој се промовираат здрави, еколошки прифатливи и морално исправни принципи и начин на живеење, ќе се одржи денеска во Младинскиот културен центар , во организација на Здружението за заштита на животни „АНИМА МУНДИ“.
Пораката на фестивалот е дека револуцијата за правата на животните започнува од принципите и животните навики на секој поединец.
Најавени се циклус предавања за користа од веганството, штандови со достапна веганска храна и продукти, уметничка изложба за права на животните, концерти од македонски алтернативни бендови и музичари, и перформанс на акробати од жонглерското студио Фаз Бабл.
Организаторот најави и Детско катче со танци, магионичари и едукативни работилници за деца.
Ново на Сител
-
Вчера казнети 807 возачи
-
Четири лица каснати од кучиња скитници, меѓу нив и малолетници
-
Вежба против несоница
-
Русин осуден на 14 години затвор за предавство во корист на Украина
-
Уапсена 36 годишна прилепчанка затекната при кражба во куќа во Прилеп
-
Некои од најлесните раси кучиња за тренирање
-
Кремљ: Путин ќе разговара со Трамп откако Виткоф ќе му ги пренесе информациите што ги доби од Москва
-
Донатела Версаче замина во пензија