Живот
7. July 2022 - 12:33

Вечерва во Битола стартува Џез Фестивалот

Вечерва во Битола започнува 5. издание на Џез Фактори Фестивал. Овој фестивал, иако две години се одржуваше во пандемија, сепак успеа да има успешни изданија со интернационални музичари.

-Во таа наша долгорочна визија за фестивалот која ја имавме предвидовме за 5 години фестивалот да го надмине регионалниот карактер и да ги надмине границите на Балканот. А оваа година во тоа успеавме, истакна Сашо Поповски, директор на фестивалот.

Битолскиот театар веќе 5-та година е партнер на фестивалот.

-И покрај тешките времиња кои не најдоа, Сашо успева да донесе одлична програма секоја година. Ние ќе се трудиме со што повеќе ресури да влеземе во оваа приказна, рече Иван Јерчиќ, директор на Народниот театар Битола.

Покрај концертите, ќе се одржи и дебата за алтернативните можности за финансирање на културните настани во Битола и како компаниите, приватниот сектор повеќе да се вклучат во овој уметнички свет.

На последниот ден од фестивалот, ќе биде доделена и наградата за најдобар млад џез музичар „Гоце Димитровски“ на Александар Бошков.