Македонија
13. July 2022 - 9:55

Вечерва продолжуваат протестите против францускиот предлог

И за вечерва со почеток во 19:00 часот најавен протест „Ултиматум - Не, благодарам“.

Демонстрантите ќе се движат од Влада, преку Министерството за надворешни работи до Собранието.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку Фејсбук ги повика граѓаните да излезат на протестот.

„Информацијата и фарсата во Собрание може да ви помине, но промена на Уставот НЕ! Вечер во 19 часот пред Влада, преку МНР до Собрание! Ултиматум, НЕ благодарам!“ - пишува Мицкоски.