Loading Video...
Кошарка
13. August 2020 - 16:56

Вечерва клучни четири дуели за плеј-ин место во разигрувањето на НБА лигата

Во најсилната светска кошаркарска лига НБА, вечерва се играат решавачките четири натпревари по кои треба да биде формиран и парот за плеј-ин дуелот преку кој ќе се дознае последниот патник во разигрувањето од Западната конференција.
 
Сеуште со надеж и шанси за пласман во плејофот се четири тима. 
 
Мемфис кој за противник  ќе го има најдобриот тим во лигата Милвоки, за „Бакси“ нема да настапи нивниот најдобар играч Јанис Антетокумпо кој заработи суспензија од еден натпревар по инцидентот кој Гркот го направи на дуелот со Вашингтон.
 
Овој натпревар ќе започне во терминот од 22 часот кога ќе стартува и средбата меѓу Феникс и Далас. 
 
30 минути по полноќ последната шанса и тоа во дуелот против Јута ќе ја бараат и кошаркарите на Сан Антонио, додека Портланд кој е во најповолна ситуација и има победа односно две повеќе од останатите ќе игра против Бруклин во мечот кој ќе започне последен односно во 3 часот по полноќ. 
 
Според новите правила, разликата меѓу осмо и деветто пласираната екипа на Западот, е помалку од четири победи, па токму затоа ќе се игра дополнителен плеј-ин дуел и тоа најмалку еден доколку на првиот победи осмопласираната екипа, а во спротивно, ако победи деветто рангираната, ќе се игра и втор натпревар.