-->
-->
Вечерва ќе бидат прогласени најдобрите во македонскиот спорт за 2017 година
-->
Во организација на Агенцијата за млади и спорт (АМС), вечерва во Македонската опера и балет, ќе се одржи 63-тото издание на изборот на Спортист на Македонија, на кој ќе бидат поделени признанијата за најдобрите во годината што изминува 2017-та.
Признанија ќе бидат поделени во повеќе категории.
Во конкуренција за најдобар „Спортист на Македонија за 2017“ се: ракометарот Стојанче Стоилов, пливачот Евгениј Поп-Ацев, каратистот Берат Јакупи, фудбалерот Енис Барди и кикбоксерот Димитар Ѓорѓиев.
Кај дамите, конкуренцијата е меѓу: Сара Ристовска (ракомет), Јована Ѓорѓиева (карате), Нина Балабан (спортско стрелаштво), Анастасија Богдановски (пливање) и кошаркарката Анџелика Митрашиновиќ.
Ќе бидат прогласени и најдобрите во младинските конкуренции, во кои за признанијата се номинирани: Петар Заборски (карате), Филип Кузмановски (ракомет) и Елиф Елмас (фудбал) во машка, односно Берна Шерифовска (џудо) и Симона Симовска (карате) во женска конкуренција.
Интересно што годинава во конкуренција за најуспешни машки репрезентации се две младински селекции, ракометниот колектив кој го освои 6.место на СП Алжир и фудбалската која забележа историско учество на ЕП за играчи до 21 година во Полска, како и сениорската одбојкарска репрезентација за освоеното 2.место ЦЕВ Европска лига.
Кошаркарките, ракометарките и атлетичарките (штафета 4х100), се номинирани во изборот за најдобар тим во женска конкуренција, додека Фудбалска, Одбојкарска, Ракометна, Карате и Кик-бокс во конкуренција за најуспешна федерација.
За најуспешен спортист на лице со инвалидитет признанието ќе го добие пливачот Андреј Стојаноски за освоеното 4.место во дисциплината 400м. мешано на 23-ти Летни Олимписки игри за глуви во Самсун, Турција.
Ќе биде прогласен и најуспешен тренер/селектор, признание за кое претендираат Петар Белистојаноски (карате), Раул Гонзалес (ракомет), Драган Атанасовски (кик-бокс), Игор Ангеловски (фудбал) и Марјан Лазовски (кошарка).
Свечената церемонија на доделување на наградите ќе започне од 20 часот
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерството за правда достави до Влада допис за предлог за разрешување на Коцевски
-
Орбан: Русија ќе биде „реинтегрирана“ во глобалната економија по завршувањето на војната во Украина
-
Авганистанецот призна дека намерно удрил во толпата во Минхен, соопшти германското Обвинителство
-
АНБ: Почнува примената на полиграфско тестирање, полиграфот и полиграфското тестирање во служба на интегритетот
-
Пандов: Има дел затворски полицајци во Шутка кои не треба да носат полициска униформа и го срамат цел затворски систем
-
Палевски повторно побара изземање на обвинителите од случајот за убиството на Вања и Панче
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ го срозија животниот стандард на граѓаните
-
Папата Франциск хоспитализиран поради бронхитис