Балкан
7. March 2016 - 22:49

Вечерва без договор на ЕУ за договорот со Турција

Лидерите на ЕУ не можат да се договорат околу за турскиот план за решавање на бегалската криза, пренесе Танјуг, повикувајќи се на неименувани претставници на ЕУ.

- На некои земји навистина им се допaѓа идејата но не можат да прифатат договор вечерва поради многу кусото време за подготовка, рече претставникот.

Лидерите на тие земји, како што наведува, ќе ги поздрават амбициозните предлози на Турција но не можат да ги усогласат сите точки од договорот вечерва.

- Потребни се некои разјаснувања. Ќе работиме интензивно на тоа во наредните денови, рече претставникот.