„Вечерњи лист“: Брисел ја притиска Хрватска да отстапи од условите за Белград
Европската комија и останатите земји членки на ЕУ планираат да го зголемат притисокот врз Хрватска, со намера претставниците од Загреб да се откажат од поставување на три нови услови за Србија за отворање на 23-то поглавје во преговорите со ЕУ, објави денеска „Вечерњи лист“, повикувајќи се на неименувани извори од Брисел.
Весникот наведува дека, од хрватското Министерство за надворешни работи и европски работи навеле дека нема промени во работата, барем додека не помине изборната кампања во Србија и додека не биде формирана нова Влада.
Работната група на ЕУ за проширување го заврши состанокот во петокот без согласност од Хрватска, Србија да го отвори поглавјето 23.
Хрватска не даде согласност на извештајот за исполнување на мерките за негово отворање.
Ново на Сител
-
Гаши: Нема проблеми во владината коалиција
-
Левица поднесе интерпелација за Коцевски
-
Прес конференција Европски фронт
-
Прес конференција земјоделство
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина