-->
-->
Вечер со поезијата на Ристо Јачев во Велешкиот театар
-->
Во фоајето на театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ во Велес од 20 часот ќе се одржи „Вечер со поезијата на Ристо Јачев“.
Циклусот поетски вечери е нова програмска активност на Велешкиот театар за афирмација и промоција на поезијата како книжевен жанр. Еднаш месечно се одржува поетска вечер во театарот посветена на поезијата на поети по потекло од Велес.
Првата поетска вечер се одржа минатиот месец а беше посветена на поезијата на академик Катица Ќулафкова. Во јануари е предвидена Вечер со поезијата на Павлина Климкар Меанџиева.
Избор од поезијата на Јачев вечер ќе читаат актерите Талија Настова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски во музичка придружба на гитара од Сашко Костов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристигнаа првите честитики за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска
-
Преглед на вестите од светот
-
Просечна излезеност до 18:30 часот
-
Просечна излезeност до 15:00 часот
-
Просечна излезност до 13 часот
-
ОБСЕ: Утре ќе ги соопштиме заклучоците
-
Просечна излезност до 11 часот
-
Просечна излезност до 9 часот