Македонија
21. December 2017 - 8:32

Вечер со поезијата на Ристо Јачев во Велешкиот театар

Во фоајето на театарот „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“ во Велес од 20 часот ќе се одржи „Вечер со поезијата на Ристо Јачев“.

Циклусот поетски вечери е нова програмска активност на Велешкиот театар за афирмација и промоција на поезијата како книжевен жанр. Еднаш месечно се одржува поетска вечер во театарот посветена на поезијата на поети по потекло од Велес.

Првата поетска вечер се одржа минатиот месец а беше посветена на поезијата на академик Катица Ќулафкова. Во јануари е предвидена  Вечер со поезијата на Павлина Климкар Меанџиева.

Избор од поезијата на Јачев вечер ќе читаат актерите Талија Настова, Жарко Спасовски и Фаик Мефаилоски во музичка придружба на гитара од Сашко Костов.