Вдовицата на Слободан Милошевиќ, Мира Марковиќ, тужи поранешен директор на затвор
Вдовицата на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ, Мира Марковиќ, поведе судски процес против поранешниот директор на Окружниот затвор во Белград, Драгиша Блануша, за неговата книга „Го чував Милошевиќ“, во која раскажува за деновите кои Милошевиќ ги минал во затворот, пред да биде одведен во Меѓународниот трибунал за воени злосторства во поранешна Југославија, пренесе Танјуг.
Според српските медиуми, Блануша е обвинет дека во книгата, издадена во 2001 година, објавил доверливи податоци за разговори на Милошевиќ со неговите адвокати и со членови на неговото семејство, како и фотографии што ги направил без одобрение.
Мира Марковиќ го обвинува Блануша и за „киднапирање“, откако на неидентификувани лица на 28 јуни 2001 година им одобрил да го одведат Милошевиќ од затворот, а потоа и да го префрлат во притворскиот оддел на трибуналот во Хаг, каде подоцна, на 11 март 2006 година, тој почина.
Србија му го предаде Милошевиќ на Меѓународниот трибунал во Хаг, откако со хеликоптер го зеде од дворот на затворот во Белград.
Мира Марковиќ доби политички азил во Русија и веќе 10 години се нема вратено во Србија.
Ново на Сител
-
Се гради секундарна водоводна мрежа во повеќе населени места во Македонска Каменица
-
Трамп повеќе од 440 пати се повикал на уставното право да не дава одговор на обвинителството
-
КЗБ очекува до крајот на неделата да има разрешница со првиот суспектен случај на мајмунски сипаници кој одбива да се тестира
-
МОН: Учебната година започнува на 1 септември, во тек подготвителни активности за успешен старт
-
10 починати и 600 нови случаи на Ковид-19
-
Негативен на мајмунски сипаници мигрантот хоспитализиран на Инфективна
-
Во Штип и Свети Николе четири граѓани каснати од кучиња скитници
-
Претрес во Битола, приведен дилер на хероин