Васо Ристов нов директор на МОБ
Професорот и продекан на Факултетот за музичка уметност во Скопје Васо Ристов е избран за генерален директор на Македонската опера и балет (МОБ) - Скопје.
Ристов е истакнат уметник кој зад себе има богата меѓународна професионална кариера. Дипломирал на ФМУ во Скопје, а магистерските студии завршил на музичката академија „Панчо Владигеров“ во Софија по што специјализирал на ФМУ во Прага, Република Чешка.
Има долгогодишно искуство во менаџирање оперска и балетска уметност, музичко сценски изведби, музички настани и натпревари. Тој е и педагог со 33 години стаж во сценско-музичката дејност во Македонија, од 1998 година до денес, и во развивање кадри за музичката култура во земјата и надвор од неа. Од 1986 до 2010 е вработен во МОБ како прв трубач-солист, потоа уметнички директор на Операта (2005 – 2006).
Продекан е за настава на ФМУ Скопје Универзитет „Св. Кирил и Методиј” (2016 до денес). Организира настава, испити, концерти и натпревари за млади музичари и актуелен музички селектор на фестивалот Охридско лето 2018, член е на Здружението на музичко балетски педагози, претседател е на Асоцијацијата на дувачки оркестри во Македонија и член на Асоцијацијата за југоисточна Европа за дувачки оркестри.
Ристов бил професор на пет универзитети во Македонија и надвор од неа: Факултет за музичка уметност, Скопје, Државен Универзитет Тетово, Универзитет Гоце Делчев - Штип, Универзитет во Приштина и Факултетот за уметност во Митровица.
Ново на Сител
-
Над 270 килограми кокаин во вредност од најмалку 5,5 милиони евра откриени на пристаништето во Солун
-
Славески: Народната банка предлага четири бесплатни подигнувања месечно од банкомати на други банки
-
ЈП „Водовод и канализација“ - Скопје апелира до скопјани рационално и внимателно да ја користат водата за пиење
-
На ГП Богородица и ГП Дојран се чека околу 30 минути
-
Без струја дел од корисниците под обиколницата во Визбего
-
Петмина новинари на Ал Џезира убиени во израелски напад врз Газа
-
Австралија ќе ја признае палестинската држава, објави австралискиот премиер Албанезе
-
Отпочнуваат градежните работи на обиколницата Крива Паланка, воведен времен режим на сообраќај