Василев: Бугарија може во 2024 година да го воведе еврото
Поранешниот бугарски вицепремиер, Николај Василев, за бугарската „Нова ТВ“ изјави дека реална цел е земјата во текот на 2024 година да го воведе еврото.
Пред речиси еден месец, министерот за финансии, Кирил Ананиев, даде слична прогноза, а порано овој рок го даде и Бугарската народна банка (БНБ). Министерот Ананиев најави дека подготвува Национален план за воведување на еврото, што детално ќе ги опише активностите што треба да ги преземат бугарските власти и деловните активности за успешно воведување на единствената европска валута во земјата.
Според Министерството за финансии, иако пандемијата претставува многу голем шок за светската и европската економија, вклучително и за бугарската, тоа нема да биде фактор за продолжување на бугарскиот престој во чекалната на еврозоната – ЕРМ II.
-Нема критериуми што не можеме да ги исполниме. Не е добро да се инвестира само во депозити и недвижнини, само во сопствената земја и валута, најдоброто решение е диверзификацијата, рече Николај Василев.
“Кога има рецесија, сите губат. Владите потрошија невидени пари за да ги покријат загубите. Сите луѓе што добиваат помош во нашата земја се од јавниот сектор”, додаде тој.
Според Василев, најмногу нстрада бизнисот во некои сектори, каде многу луѓе останаа без работа. А авиокомпаниите, аеродромите, хотелите, одморалиштата, некои ресторани, како и некои малопродажни бизнис претрпеа тешки проблеми и може да не заздрават. Корона кризата го забрза неизбежниот процес.
-Сите мерки за бизнисот изнесуваат околу две милијарди лева. Јас го поддржав нетрошењето на владата. Непотребно се потрошија околу 4-5 милијарди лева. Трошоците годинава требаше да бидат помали за најмалку пет милијарди лева, коментира бугарскиот економист и поранешен бугарски вицепремиер.
Ново на Сител
-
Во Скопје и денеска воздухот опасен по здравје, владата најави решение за аерозагадувањето
-
Мицкоски: Ако има поскапување на струјата, тоа ќе биде до 3%
-
Македонците онлајн пазарат од македонски продавници, главно облека
-
Преглед на вестите од светот
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија