Васил Гарванлиев не се пласира во финалето на Евровизија
Евровизија се врати во стариот сјај, со публика и изведувачи на сцена. За разлика од минатата година кога беше откажана поради андемијата со коронавирусот годинава, Евровизија сега блесна во Ротердам Холандија.
Шеснаесет земји се претставија во првото полуфинале. Македонија, Литванија, Словенија, Русија, Шведска, Австралија, Ирска, Кипар, Норвешка, Хрватска, Белгија, Израел, Романија, Азербејџан, Украина и Малта, со тоа што Германија, Италија и Холандија гласаа во ова полуфинале. На сцената се појави и тројниот евровизиски претставник Џони Логан (двапати како изведувач и еднаш како композитор), а преку омаж, се потсетивме и на победниците во изминатите 65 години.
Васил Гарванлиев е нашиот евровизиски претставник кој вчеравечер настапи на првата полуфинална вечер со песната „Here I stand“. Среќа за влез во полуфиналето, му посака и премиерот на фејсбук, кој ја повика дијаспората да гласа за него.
Во финалето во сабота се пласираа, Норвешка, Израел, Русија, Азербејџан, Малта, Литванија, Кипар, Шведска, Белгија и Украина. Годинава, освен нашиот претставник, за финалето пласман не обезбедија ниту Хрватска, ниту Словенија.
Второто полуфинале ќе се одржи на 20 мај. Седумнаесет земји ќе учествуваат во второто полуфинале. Сан Марино, Естонија, Чешка, Грчка, Австрија, Полска, Молдавија, Исланд, Србија, Грузија, Албанија, Португалија, Бугарија, Финска, Латвија, Швајцарија и Данска, плус Франција, Шпанија и Велика Британија ќе гласаат во ова полуфинале.
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна