„Вашнгтон пост“: Американски војници ќе останат во Сирија и по поразот на ИД
Американски војници ќе останат во северниот дел на Сирија и по поразот на Исламска држава, со цел да не дозволат воспоставување на контрола од сириските сили, кои се поддржани од Иран, објави „Вашингтон пост“.
Според Пентагон во моментот во Сирија има 503 американски војници.
- Поразот на ИД наскоро ќе биде неизбежен, а тогаш американската армија ја губи основата да биде во Сирија. Со повлекувањето на американските војници ќе им се дозволи на силите на сирискиот претседател Башар ал Асад да воспостави контрола во другите подрачја во Сирија, што ќе обезбеди политички опстанок на Асад, а тоа ќе биде победа на неговиот сојузник Иран, истакнува „Вашингтон пост“.
Весникот наведува дека за да превенираат таквиот исход САД планираат да остават американски војници во северна Сирија, подрачје каде ги обучуваат и поддржуваат Сириските демократски сили во борбата против ИД. Вашингтон сака во тој реон да создаде нови управувачки структури, кои не се поврзани со Дамаск.
Ново на Сител
-
Македонија избрана за членка на Советот за човекови права на ОН за периодот 2025 - 2027
-
Дачиќ утре доаѓа во Македонија - во Куманово ќе се сретне со Тошковски
-
Девизните резерви на крајот на септември 4,4 милијарди евра
-
Багерист во Мирковци пронашол експлозив
-
Кривична против седум лица за „несовесно работење во службата“ - Предизвикале штета на државниот буџет во износ од 32,000 евра
-
Кривична пријава против 50 годишен скопјанец - Нападнал полицаец во амбулантното одделение во затворот Идризово
-
Малолетници нападнале соученик и се обиделе со тврд предмет да го силуваат
-
Претрес во Охрид, пронајдена дрога, приведен дилер