Loading Video...
Кошарка
23. February 2021 - 16:41

Вашингтон подобар од Лејкерси по продолжение

Од синоќешните натпревари во НБА лигата го издвојуваме поразот на шампионот ЛА Лејкерс на домашен терен загуби од Вашингтон. 
 
Во супер интересниот и докрај неизвесен натпревар победникот беше решен по дополнителните пет минути откако регуларниот дел заврши нерешено. 
 
А, во продолжението „Визартси“ имаа повеќе нерви и среќа па на крајот забележаа победа со 127-124.
 
До петтата последователна победа Вашингтон го предводеа Бредли Бил кој постигна 33 и Расел Вестбрук кој имаше поен помалку (32). 
 
Иако Леброн Леброн беше на прагот да оствари трипл-дабл односно средбата ја заврши со 31 поен, 13 асистенции и 9 скока, сепак неговиот обид од речиси девет метри на крајот на продолжението не даде разлутат, па наместо ново продолжение „Визартси“ беа оние кои се радуваа.