„Вас травел фер 2017“ во Скопје
Туристички понуди за турското и албанското крајбрежје се претставуват на Меѓународниот саем за туризам „Вас травел фер 2017“, што се одржува денеска во Скопје, во организација на „Вас груп“.
Штандовите на изложувачите ги посети министерот за економија Дритон Кучи кој оцени дека саемот е важен за збогатување на туристичката понуда и оти очекува успешна сезона за овој сектор и покрај политичката криза.
Саемот, потенцира, претставува новитет за нашиот туристички сектор и е доста корисен. И во овие може да речеме тешки политички денови за нашата држава Вас тур денеска го донесе летото, албанското и турското крајбрежје, и се надевам дека ќе биде успешно и за нив и за нивните клиенти, рече Кучи.
„Вас груп“, како што изјави менаџерот Енвер Мехмети, го организира саемот со цел претставување пред клиентите и воспоставување соработка која ќе го помогне развојот на туризмот и економијата.
- Ги претставуваме сите наши услуги заедно со туристичките агенции кои се наши партнери. Ова е четиридневен настан, бевме во Тирана и Приштина а денеска сме во Скопје. Нашата цел е да ги приближиме нашите услуги до сите клиенти согласно нивните потреби за одмор, изјави Мехмети.
„Вас травел фер“ е четиридневен настан, во чии рамки претходно се одржаа презентации на понудите од турското и албанското крајбрежје во Приштина и во Тирана.
Ново на Сител
-
Васил призна вина, родителите на Фросина бараат максимална казна
-
Крвава вечер во Штип: Убиство во кафуле, обид за бегство низ наплатна рампа
-
Најголема воена парада досега во Москва
-
Јубилеј 80 години од победата над фашизмот
-
Новиот папа Лео 14-ти ја отслужи својата прва миса како водач на Католичката црква
-
Ставревски и Славевски најсериозни кандитати за иден гувернер на Народната банка
-
Генералка викенд – почна најмасовната акција за собирање на отпадот
-
Почнува судењето против Васил Јованов кој пред 4 месеци смртно ја прегази Фросина на Партизанска