Варвициотис: Не прифаќаме одвојување на Македонија и Албанија на патот кон ЕУ
Европа мора да ги одржи ветувањата и не треба да има доцнење во пристапниот процес за Македонија и Албанија, порача алтернативниот министер за надворешни работи на Грција Милитиадис Варвициотис од Делфи Форумот во Атина и паралелно истакна дека тие не се согласуваат со евентуално одвојување на Скопје и Тирана на патот кон ЕУ, јави дописничката на МИА од Атина.
Варвициотис учествуваше на панел дискусијата заедно со вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и потенцираше дека „со приклучувањето на Албанија и Македонија во ЕУ, Грција конечно ќе има копнени граници со други земји-членки“.
-Важно е процесот да почне веднаш за сите земји кандидати. Ние не сме расположени да прифатиме никакво одвојување меѓу Македонија и Албанија, ова го гледаме како катастрофален пристап за регионалната стабилност, порача алтернативниот шеф на грчката дипломатија.
Додаде дека новиот процес на проширување од минатата година, „треба да биде веродостоен процес и треба да биде побрз процес во споредба со стариот“.
Ново на Сител
-
Дешан се потпира на играчите на ПСЖ, го поддржува Дембеле за Златната топка
-
Тотенхем ќе се раздели со Хеунг-мин Сон, но само ако добие многу солидна понуда
-
Гвардиола го исфрли Грилиш од составот на Светското клупско првенство, играчот размислува за заминување
-
Трамп им забрани на странски студенти да се запишуваат на Харвард
-
Тројца осомничени за обид за убиство пред фитнес клуб во Чаир
-
САД ставија вето на барањето за итен и безусловен прекин на војната во Газа
-
Трамп им забрани влез во САД на државјани од 12 земји
-
Мисајловски учествува на министерски состанок на НАТО во Брисел