Свет
2. October 2020 - 13:03

Вархеји: Стратешки интерес на ЕУ е да ги приближи земјите од Западен Балкан

– Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји порача денеска дека стратешки интерес е земјите од Југоисточна Европа, кои не се членки, да се приближат кон ЕУ.

– Наш стратешки интерес е земјите од Западен Балкан да се приближат кон ЕУ, истакна Вархеј, кој преку видео повик учествуваше на конференцијата „Дијалог за проширување на ЕУ“, организирана од Претставништвото на ЕК во Хрватска.

Тој потсети дека е усвоен пакет помош од 3,3 милијарди долари за земјите од Западен Балкан за борба против последиците од пандемијата на Ковид-19.

Учесникот на панелот Матео Бономи од Римскиот институт за меѓународни односи нагласи дека кризата предизвикана од пандемијата на Ковид-19 покажа дека на ЕУ и треба заедничка агенда, но и поблиска соработка со земјите од Западен Балкан.