Вархеји ја поздрави одлуката на ГЕРБ да го поддржи „францускиот предлог“ за деблокада на евроинтеграциите на Скопје
– Еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји денеска на неговиот Твитер налог ја поздрави одуката на поранешниот бугарски премиер и претседател на опозициската партија Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Бојко Борисов дека ќе го поддржи „францускиот предлог“ за деблокада на евроинтегративниот процес на Северна Македонија.
– Му благодариме на лидерот на опозициската ГЕРБ Бојко Борисов за донесување на историската одлука за Европа и за Северна Македонија да прифати преговори базирани на францускиот предлог, што ќе овозможи да се пристапи кон отворање на пристапните преговори со Северна Македонија. Очекуваме (бугарската) Влада да го достави неопходниот предлог до Парламентот денеска, со што Европа ќе може да оди напред, пишува Вархеји на неговиот профил на твитер.
Поранешниот бугарски премиер и лидер на партијата ГЕРБ, Борисов денеска го повика претседателот на Владата на Бугарија, Кирил Петков до Народното собрание на земјата официјално да го достави предлогот на француското претседателство со ЕУ за деблокада на евроинтегративниот процес на Северна Македонија. На вонреден брифинг во седиштето на ГЕРБ, Борисов изјави дека Пратеничката група на неговата партија, која брои 59 пратеници, ќе го поддржи „францускиот предлог“ на пленарна собраниска седница.
– Предлогот на француското претседателство со ЕУ за Северна Македонија е најдобар, рече Борисов, согласувајќи се со претходно дадената изјава на претседателот на Бугарија, Румен Радев околу предлогот на Франција.
Ново на Сител
-
ЕУ доби барање за помош од Скопје околу трагедијата во Кочани
-
Музичари и познати личности се збогуваат со загинатите од бендот „ДНК“
-
ЕХФ го одби одложување на Словенија - Македонија, навивачите ќе оддат почит на загинатите во Кочани
-
Владата по трагедијата во Кочани донесе неколку важни одлуки
-
Тошковски: Осомничени над 20 лица, 15 се во полициска станица
-
Дваесет и седум пациенти се транспортираат во болници во соседните држави
-
Сара Пројковска која беше придружен вокал на „ДНК“ загина во пожарот во Кочани
-
Меѓу загинатите е и гитаристот на ДНК: „Што сака нека биде“ беше песната кога започнал хоророт