Ракомет
4. February 2017 - 12:27

Вардарки го пречекуваат Мец во дуел од ЛШ

 
Ракометарките на Вардар попладнево пред својата публика ќе го одиграат вториот натпревар од главната фаза во Лигата на шампионките. 
 
Макдонскиот првак кој со победа во Подгорица ја започна главната рунда, и е единствената екипа која досега нема пораз во елитното натпреварување, ќе биде домаќин на францускиот тим Мец.  
 
Фавроритската улога ќе ја имаат црвено-црните, а неа ќе треба да ја потврдат со победа во мечот кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандаски“ со почеток од 17 часот и 30 минути. 
 
Ова е еден од трите натпревари од групата 1, кои се играат денеска. Во другите два се среќаваат, Астроханочка – Будуќност и Ференцфавош – Турингер. 
 
На табелата вардарки се водечки со 9 бодови, а по нив следуваат: Ференцварош 7, Будуќност 6, Мец 4, Турингер 4, Астраханочка 0.    
 
Во групата 2, двојките за 2.коло се: Ларвик – Митјиланд, Љубљана – СЦМ Букурешт (денеска) и Есбјерг – Ѓер (утре)
 
Табела: Гер 9 бодови, Митјиланд 6, Крим Љубљана 6, Ларвик 6, ЦСМ Букурешт 3 и Есбјерг 2.