Loading Video...
Ракомет
1. јуни 2020 - 12:04

Вардарци се потсеќаваат на големата полуфинална победа над Барселона

Иако ракометот одамна е во прекин поради Ковид-19 вирусот, а нема да се игра се до наредната натпреварувачка сезона, сепак, во продолжение ќе потсетиме на еден исклучително важен момент за македонскиот клупски ракомет. 
 
Пред точно една година, односно на 1 јуни 2019-та ракометарите на Вардар на неверојатен начин успеаја да ја победат фаворизираната Барселона во полуфиналето за завршниот турнир во Лигата на шампиони и по втор пат да се изборат за финале. 
 
Победата над Барселона беше дотолку поголема, ако се има во предвид дека вардарци на полувремето имаа и негатива од огромни седум голови, но со борбената игра во вториот дел „црвено-црните“ се радуваа на триумф со конечни 29-27.
 
Два дена подоцна вардарци ја победија и екипата на Веспрем, па по втор пат во клупската историја го освоија шампионскиот трофеј. 
 
Сепак, по неправичната одлука на ЕХФ околу завршницата на овосезонската Лига на шампиони, не им дозволи на вардарци да ја бранат титулата.