Loading Video...
Ракомет
24. February 2020 - 16:34

Вардарци против Монпелје ќе мораат на победа ако сакаат да го избегнат ПСЖ

Поразот од Порто го доведе европскиот ракометен првак Вардар во ситуација да мора да победи против Монпелје доколку сака да се надева на полесен полесен противник во осминафиналната рунда во Лигата на шампионите. 
 
Вардарци кои и онака се судруваат со големи проблеми, како финансиски така и играчки, пред се по заминувањето на Кристопанс и Атман од тимот, а по саботниот пораз од Порто паднаа на шестата позиција на табелата во Б групата. 
 
По овој пораз вардарци си ја отежнаа работата особено кога во прашање е првата нокаут рунда. 
 
Сега Вардар ќе мора да го победи Монпелје во мечот закажан за во сабота во Скопје, а притоа да се надева на пораз на Порто на гостувањето кај веќе отпишаниот Мешков Брест. 
 
Само во таква комбинација, црвено-црните групната фаза би ја завршиле на петата позиција, а со тоа за противник во осминафиналето би добиле и релативно полесен противник односно Фленсбург или Алборг.
 
Со спротивно, ако вардарци завршат на шестата позиција тогаш во осминафиналето ќе играат против трето пласираниот тим од групата „А“, односно ПСЖ ПИК или Сегед
 
Без разлика на пласманот Вардар првиот осминафинален дуел ќе го игра на домашен терен во периодот од 18 до 22 март.