-->
-->
Вардарци ќе имаат огромна поддршка од трибините во дуелот со АПОЕЛ
-->
Вардарци утревечер ќе го дочекаат АПОЕЛ на „Филип Втори“ во обид со победа да го минат кипарскиот тим, и да се пласираат во 3-тото квалификациско коло за Лигата на шампиони.
Црвено-црните ќе имаат огромна поддршка од трибините, бидејќи според информациите досега се продадени 16 илјади влезници, а од пуштените во продажба остануваат уште 6.000, и тоа сите за централните (северна и јужна) трибини.
Западната трибина е резервирана за Комитите, додека на источната се очекуваат околу 200 навивачи на АПОЕЛ.
Во продажба освен билетите за северната и јужната трибина по цени од 100 денари има и ВИП-билети за ложата на северната трибина по цена од 500 денари, а истите ќе се продаваат на билетарата на „Филип Втори“ се до 20 часот односно почетокот на утрешниот меч.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Имало ли недостаток на нафта во ЈСП?
-
Меѓународна потерница за Ковачевски, во земјава го чека 8 дневен притвор
-
Подготовки за најлудата ноќ
-
Лекарите предупредуваат: Внимателно со алкохолот
-
Сиљановска: Имаме право да веруваме во македонскиот сон
-
Мицкоски: Ја стабилизравме економијата – 2025 ќе биде уште подобра
-
Гаши: Да се обединиме околу европските вредности
-
Преглед на вестите од светот