Loading Video...
Ракомет
27. March 2021 - 18:49

Вардар убедливи во дербито против Еурофарм Пелистер

Во дерби натпреварот од 3.коло на машката ракометна Супер лига што се одигра во СЦ „Јане Сандански“ ракометарите на Вардар зџабележаа убедлив триумф со 8 голови разлика против Еурофарм Пелистер. 
 
Вардарци целата работа ја завршија уште во воведните 15-минути во кои остварија оипиплива преднот која пак на полувремето изнесуваше пет гола (17-12). 
 
И во вториот дел цр5вено-црните беа оние кои ја контролираа играта и резултатот па на крајот сосема заслужено се радуваат на триумф со конечни 35-27. 
 
Вардар останува единствената екипа со максимални три победи. По еден пораз имаат Е. Пелистер и Тинекс Пролет кој денеска беше совладан на домашен терен од Охрид со 26-28, како и екипата на Бутел која вчера беше подробра од Струга со 22-21