Ракомет
21. October 2022 - 20:05

Вардар продолжува со убедливите победи

Македонскиот ракометен првак Вардар 1961 забележа убедлива победа против  Струга (36-23) со што ја забележа и 7. Победа во низа.
Вардар одлично започна  во СЦ „Јане Садански“ и по водството од 5-3 дојде и до повисока предност од 10-3. 
Најдобар кај стрелците беше Давид Саревски со седум, пред Милан Лазаревски со шест гола, додека кај стружани Петар Бугариновиќ и Никола Цветаноски завршија со по шест гола.