-->
-->
Вардар очекувано подобар од Работнички
-->
Ракометарите на Вардар славеа очекувана победа во дуелот против Работнички со 38:26 полувреме 22:16.
На натпреварот од 2.коло во плејофот на ракометниот шампионат на Македонија, одигран попладнево во СЦ „Јане Сандански’’ актуелниот шампион без многу мака го совлада Работнички и ја оствари втората победа во разигрувањето.
Дејан Манасков постигна шест гола, Лука Циндриќ пет, колку што имаше и Игор Карачиќ, а кај Работнички Мојсоски постигна седум, шест имаше Марсениќ, пет Илиќ.
Ова беше последна контрола на формата на црвено-црните пред саботниот меч со Веспрем прв во четвртфиналето во Лигата на шампионите, меч кој ќе се игра во СЦ „Јане Сандански’’ со почеток од 16 часот.
Во дугите два натпревари од оваа рундаа утре од 18 часот во салата „Автокомада’’ еккипата на Металург го пречекува составот на Охрид, додека во Стумица од 20 часот својт меч ќе го започнат и Макс Струмица и Прилеп.
Табела – плејоф: Вардар 6 бода, Маталург 3, Макс Струмица 3, Работнички 0, Прилеп 0 и Охрид 0.
Во борбата за опстанок, односно, плејаут разигрувањето, сите три натпревари ќе се играат утре (среда), а двојките се: Пелистер – Борец (од 18 часот), Радовиш - Металург 2 и Пролет - Вардар Јуниор (од 19 часот).
Табела – плејаут: Пелистер 21, Радовиш 21, Вардар Ј. 18, Пролет 18, Борец 10 и Металург 2 1. ИТ//
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Анализа: Какво сценарио следува ако повторно се одложи гласањето на извештајот за напредокот на Македонија?
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за образование и наука
-
Обвинителството бара доживотен затвор за убиствата на Вања и Панче
-
Васил Јованов кој ја прегази Фросина повторно пред суд, овој пат за трговија со дрога
-
Партиските полицајци под лупа на внатрешната контрола
-
Мицкоски: Османи закова шајки во македонскиот идентитет, но не се откажуваме
-
Македонија и Унгарија со засилена воена соработка