Фудбал
25. July 2017 - 9:26

Вардар на мегдан со Копенхаген во третото коло во Лигата на шампионите

 
 
 Македонскиот првак  Вардар го пречекува данскиот Коппенхаген во првата средба од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите. 
 
Дуелот кој ќе се игра на арената „Филип Втори“ во Скопје, а ќе започне од 20 часот, е еден од шестте кои се на програмата денеска. 
 
Во останатите средби ќе играат:
19:00 Карабах – Шериф, 
19:00 Славија Прага – БАТЕ Борисов, 
19:30 Стеауа Букурешт - Викторија Плзен, 
19:30 АЕК Атина - ЦСКА Москва и 
20:45 Партизан – Олимпијакос.
 
Преостанатите средби од оваа рунда ќе се играат утре, а двојките се: 
16:00 Астана – Легија, Варшава, 
18:30 Динамо Киев – Јанг Бојс, 
18:45 Салцбург – Риека, 
19:00 Хапоенл Бер Шева – Лудогорец, 
20:00 Виторул, Констанца – АПОЕЛ, Никозија, 
20:20 Марибор – Хафнарфјордур, 
20:45 Селтик – Розенборг, 
20:45 Ница – Ајакс и 
21:00 Бриж – Бешакшекир, Истанбул.
 
Потсетување дека ова е претпоследниот филтер на квалификации пред формирањето на групите во елитното натпреварување.