-->
-->
Вардар домаќин на Шкупи во Струмица
-->
Одбраната на шампионскиот трофеј во Првата македонска фудбалска лига, екипата на Вардар ќе ја започне во Струмица со дуелот против Шкупи.
Како што информираше клубот, на својата интернет страна, поради суспензијата од финишот на минатата сезона, Вардар во првото коло од новата нема да биде домаќин на свој терен (Арена „Филип Втори “), па мечот против Шкупи ќе се игра во Струмица.
„Црвено-црните“ се домаќини на овој меч, но поради суспензијата од минатата сезона мечот со Шкупи ќе мора да се игра на неутрален терен, односно 100 километри надвор од Скопје. По овој натпревар истекува суспензијата, по што Вардарци се враќаат на Арената „Филип Втори“.
Натпреварот во Струмица ќе се игра во недела (7 август) под рефлектори во вечерниот термин од 20 часот.
И останатите натпреварите од 1.коло во новата сезона, според распоредот се во недела, со почеток од 17 часот и 30 минути.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кога Владата официјално ќе го предложи Азир Алиу за нов министер за здравство?
-
За три децении 18 министри за здравство – Tаравари со два мандати, Tодоров најдолго во министерската фотеља
-
Две обвиненија за скопските криминални банди - вршеле нарачани убиства, тргувале со дрога
-
Почна сослушувањето на родителите за трагедијата во „Пулс“
-
СДСМ обвинува за партиски зделки во МВР
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинување за Филипче
-
Дипломатски активности за деблокада на европските интеграции
-
Стојанче Ангелов менува директорска позиција - Ќе го спасува ДЗС од агонија