Вардар 1961 со победа стартуваше во Лига Европа
Ракометарите на Вардар 1961 со победа стартуваа во ЕХФ Европската лига, совладувајќи го вечерва на домашен терен во Скопје исландски Валур со 33-26 во рамки на воведното коло во групата Ф.
По почетното водство на Валур од 2-0, Вардар ја презеде контролата врз резултатот и наметна цврста игра во одбраната која на полувреме му донесе убедлива предност од 19-11.
Валур на средина од вториот дел на два пати се доближи на пет голови негатива (25-20, 26-21), но Вардар не дозволи натпреварот во СЦ „Јане Сандански“ да влезе во неизвесна завршница и со победа го почна настапот на европската сцена на која се врати по пауза од две години.
Срдановиќ и Борозан со по шест голови беа најефикасни во редовите на „црвено – црните“, а забележителен настап имаше и голманот на Вардар, Еспиња, кој запиша 14 интервенции.
Вардар во второто коло во Европската лига му гостува на германски Мелсунген. идниот четврток од 18:45 часот.
Ново на Сител
-
Од 19 февруари ќе се работи на патот кај Лагадин
-
Синер суспендиран на три месеци
-
Шолц: Германија не прифаќа странско мешање во нејзината демократија
-
Пожар во семејна куќа во Куманово
-
Мареј ќе остане тренер на Ѓоковиќ на неодредено време
-
Македонски државјанин учествувал во тешка сообраќајка во Албанија, едно лице загина
-
24-годишна велешанка осомничена за серија кривични дела во само пет дена
-
Денеска се празнува Сретение Господово