Ванхауте: Прогрес во преговорите за медиумите
Постигнат е напредок во процесот на преговори на работната група за медиумите, стои во пишаната изјава на посредникот во разговорите белгискиот експерт Питер Ванхауте.
Тема на дискусија на денешната средба на работната група, се наведува, е Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, поконкретно улогата и функционирањето на Агенцијата.
- Политичките партии ги земаат предвид сите предлози од консултациите со различните засегнати страни при процесот на постигнување договор. Дополнително, од самиот почеток на преговорите за медиумите, посредувачот Ванхауте редовно остварува консултативни средби со засегнатите страни каде тие ги изнесуваат нивните позиции и ставови, со цел законската рамка да ги рефлектира не само препораките на Европската Комисија, Советот на Европа и ОБСЕ/ОДИХР, туку и барањата на новинарите, здруженијата, синдикатот и сите останати засегнати страни. Одржувањето на преговорите ја следи методологија и динамиката воспоставена уште на самиот почеток. Политичката работна група се среќава секојдневно, се дискутира на една тема се додека не се постигне договор, а потоа се преминува на дискутирање на следна тема, стои во пишаната изјава на Ванхауте.
Ново на Сител
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
Мицкоски: Инвестициите за разлика од претходно се без повластувања и барање мито
-
Договор САД-ЕУ: 15% царини за извоз на европски стоки во САД, 0% за американски производи во ЕУ
-
Словенија и Франција ни понудија помош за гаснење на пожарите, надлежните велат состојбата е под контрола
-
Таравари и ДУИ договориле заеднички листи
-
Собранието утре ќе одлучува за интерпелацијата на Коцевски
-
Мицкоски најави мерки против растот на цените, анализата е во завршна фаза