Македонија
4. October 2022 - 20:01

Вандализиран споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк

Непознати сторители денеска го вандализирале споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје.

Со спреј во неколку бои исчкртан е постаментот на споменикот и плочникот пред него.

Од МВР за МИА велат дека се преземаат мерки за откривање на сторителите.