-->
-->
Ван Перси го засилува Кристал Палас
-->
Во своите најдобри денови Робин ван Перси (33) ги тероризираше одбраните во Премиер лигата во дресовите на Арсенал и Манчестер Јунајтед. За Арсенал од 2004 до 2012 година постигна 131 гол во 276 натпревари, а потоа во три сезони во Јунајтед додаде уште 58 голови во 105 настапи.
Потоа одличниот Холанѓанец замина во турски Фенербахче, кој стана првиот клуб со кој ништо не освоил. Во плановите за следната сезона, новите газди на Фенербахче не го гледаат Ван Перси, кого би сакале да го продадат на првиот сериозен купувач бидејќи договорот му истекува следното лето.
Според пишувањето на англиските медиуми, за Ван Перси најзаинтересиран е Кристал Палас, кој ќе стори сѐ да го доведе на Селхурст Парк. Новиот тренер Франк Де Бур веќе најави дека е подготвен да потроши пари на вистински напаѓач, а неговиот сонародник му е најголемата желба.
Фенербахче за Ван Перси нема да може да добие повеќе од три до четири милиони евра, а Ван Перси наводно нема ништо против да се врати во Англија, посебно во Лондон.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Села ги доби печатите од АА
-
Владата на вонредна седница утре ќе ги замрзне маржите на 100 групи производи
-
Борбата е да се задржат странските компании, не да се привлечат нови
-
Пикот на грипот ги испразни училиштата, а ги наполни клиниките со болни деца
-
Преглед на вестите од светот
-
Советот на јавни обвинители ќе ја разгледува иницијативата за разрешување на Коцевски откако ќе ја добие
-
ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски со месеци ги штити поранешните функционери на СДСМ
-
Не помина предлогот на Левица за ограничување на патните трошоци за пратениците