Валтонен: Веднаш ќе почнат активностите за 15. пакет санкции против Русија
Веднаш ќе почнат активностите во врска со 15-тиот пакет санкции против Русија, најави финската министерка за надворешни работи Елина Валтонен.
„Сигурна сум дека ќе можеме да ги ажурираме и списоците на санкционирани субјекти“, рече Валтонен на состанокот на Советот на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи, што се одржа во Луксембург.
Советот на ЕУ ја усвои 14-тата рунда санкции против Русија, со цел да се фати во костец со заобиколувањето на постоечките мерки и дополнително да го ограничи профитот на рускиот енергетски сектор, јавува „Киев Индипендент“.
Новиот пакет санкции вклучува рестриктивни мерки против 116 поединци и субјекти одговорни за активности кои го нарушуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независност на Украина, со што се зголемува бројот на поединци и субјекти против кои се воведени рестриктивни мерки на вкупно повеќе од 2.200. Новиот пакет санкции вклучува забрана за претовар на руски течен природен гас на територијата на ЕУ за понатамошна испорака до трети земји. Валтонен рече дека преговорите за 14.
пакет санкции траеле долго, но дека опсегот на санкциите е многу широк. Сите земји-членки на ЕУ имаа свои ставови, кои требаше да се разгледаат.
Ново на Сител
-
Авион полн со патници погоден од куршум на аеродром во Далас
-
Мајк Тајсон поразен од јутјуберот Џејк Пол
-
Јапонскиот министер за надворешни работи во ненајавена посета на Украина
-
Бајден: Доаѓа време на големи политички промени
-
Претпладне облачно со сончеви периоди, попладне ведро
-
Состојба на патиштата
-
Тешко повреден скопјанец - Избоден со нож поради недоразбирање во сообраќајот
-
Албанската полиција на граничните премини годинава запленила непријавени над 2,3 милиони евра