Свет
20. July 2016 - 8:46

Валс предупреди на уште напади во Франција

 Францускиот премиер Мануел Валс изјави дека Франција треба да очекува уште напади и оти уште невини луѓе ќе бидат убиени.

Тој ова го изјави во обраќање пред француските пратеници, кои дебатираа за продолжувањето на вонредната состојба во земјата, по нападот во Ница. 

- Покрај тоа што тие зборови се тешки за искажување, моја должност е тоа да го сторам. Ќе има уште напади и уште убиени невини луѓе. Ние не треба да се навикнуваме на тоа. Ние никогаш не треба да се навикнуваме на тоа. Ние треба да научиме да живееме со таа закана. Да живееме со неа и да се бориме со неа, рече Валс. 

Францускиот Парламент вчера расправаше за законот за продолжување на вонредната состојба за три месеци