Валс: Нема лоша проценка, Франција ќе се соочи со нови напади
Немало лоша проценка во следењето на убиецот од Мањавил кој ликвидира полицаец и негова сопруга во понеделникот навечер, наведе францускиот премиер Мануел Валс. Како што јави дописникот на МИА од Франција, Валс застана во одбрана на работата на француските тајни служби и на службите за контра-тероризам, во интервју дадено за радиото Франс Интер.
Премиерот уште еднаш, како и вчера пред Националното собрание, ја отфрли идејата за отворање центри за радикализирани лица, но кои не се осудени, нешто слично на Гванатамо, за кои се залага дел од француската десница. Тоа според Валс би било "опасно" и ќе ја „ослабе борбата против тероризмот ".
Валс, предупреди дека Франција "ќе се соочи и со нови напади".
- Ние мора да ја продолжиме работата, да ги затвориме пукнатините во борбата, ние мора да продолжиме да им ги даваме на полицијата, жандармеријата и разузнавачките служби сите потребни средства. Но, ние знаеме дека повторно ќе има напади, бидејќи ние се соочуваме со терористичка организација која се повлекува од Сирија и од Ирак и дека се префрла во нашите земји во различни форми со цел да се создаде страв и поделби", рече премиерот на Франција за радиото Франс Интер.
Ново на Сител
-
Мицкоски не очекува до локалните избори да има какви било интервенции во Владата
-
Сопружници и нивните две деца загинале во сообраќајка во БиХ
-
Мукаетов: Нашите ракометари се вистински пример како треба сите да се бориме за Македонија
-
Митев: Знаевме дека мораме да го победиме Катар, ќе пробаме да ја изненадиме Франција
-
Порака на Трамп до светските лидери во Давос: Направете ги вашите производи во Америка или плаќајте царини
-
Лазаров по триумфот над Катар: Верувам во оваа репрезентација
-
Ирак сo закон за амнестија може да ослободи до 30.000 осудени лица, па и оние за напади врз американските војници
-
Македонија со пет гола разлика го победи Катар - втора победа за нашата репрезентација