-->
-->
Вакцинирани 2680 здравствени работници, над 118 илјади граѓани се пријавиле за вакцинација против Ковид-19
-->
Вакцина против Ковид-19 до денеска до 13:30 часот примиле 2680 здравствени работници, информираа за МИА од Министерството за здравство.
Имунизацијата се одвива во модуларната болница при Инфективната клиника во Скопје, а се врши со вакцини од производителот „Фајзер“ кои државава го доби како донација од Србија.
Преку веб-страницата „vakcinacija.mk“ за вакцинација досега се пријавиле 71900 граѓани, а 46414 преку матичен лекар. Од вкупно пријавените 118314 граѓани за вакцинација, 56784 граѓани се на возраст над 70 години, посочија од Министерството за здравство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Даштевски, претседател на ДИК
-
БРАКО претстави ново електрично возило за чистење
-
ДИК потврди - Во среда ќе се прегласува на 7 избирачки места
-
ДУИ со предупредувања од Мала Речица
-
Мицотакис со нови закани кон идната Македонска Влада
-
Прва официјална посета на Силјановска Давкова ќе биде во Ватикан и Рим
-
9 месечно бебе донесено во итната помош без знаци на живот
-
Полициска службеничка мамела социјалци за станови