Балкан
25. December 2020 - 17:18

Вакцинацијата во Бугарија почнува во недела

Вакцинацијата против коронавирус во Бугарија ќе започне во недела, пренесуваат бугарските медиуми.

Кампањата за вакцинација е организирана од регионалните здравствени инспекции, а вакцините ќе бидат ставани од страна на лекари во медицински установи за амбулантско и болничко згрижување, регионални здравствени инспекторати, како и лекари во специјализирани структури во рамките на Министерството за внатрешни работи и Министерството за одбрана и во мобилни тимови.

„Во случај на потреба, ќе бидат мобилизирани медицинските работници од ургентните центри, други медицински установи, градинки и училишта“, се наведува во одредбата на Министерството за здравство.

Вакцинацијата ќе се одвива на доброволна основа и ќе биде бесплатна.